Вести

Стојанче Ангелов со упорност ја постигна целта за поголема безбедност на граѓаните

Advertisement

Откако директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, реагираше за проблематичниот мост во Визбегово , проблемот е делумно решен.

Овој мост е стар и претставува серизона опасност за минувачите како по него така и под него, рече Ангелов.

Advertisement

Коцките кои се поставени на мостот се раскопани од постојаното движење на возилата, а ископаните коцки лесно можат да се стркалаат од мостот долу и да паднат врз некој автомобил.

Ангелов пред два дена на Фејсбук објави видео порака диретно од местото

Advertisement

„На дојаава од граѓаните дојдовме да ја видиме состојбата на мостот. И покрај тоа што ова не е надлежност на ЦУК ние дојдовме за да алармираме кај надлежните. Овде е многу оапсно. Веднаш треба да се санира. Дали треба да се случи некоја трагедија, па да реагираат надлежните? рече тој.

Целото видео можете да го погледнете ТУКА.

 

ЦУК свика координативна средба на која за жал немало претставници од Град Скопје, но во телефонски разговор кажале дека законски не се обрзани за да реагираат околу санирање на мостот. Претставници од општина Бутел присуствувале на средбата и  исто рекле дека мостот не  е во нивна надлежност. И додека властите си ја префрлаат топката Ангелов ги замолил од општина Бутел да покажат добра волја и да ги отстранат извадените коцки кои што претставуваат опасност за граѓаните.

Погледнете го целото видео ТУКА.

Во текот на денот коцките биле отсранети, а Ангелов на лице место од пред мостот им се заблагодари на општина Бутел за брзата реакција.

ЦУК ќе продолжи да восоставува директна комуникација меѓу институциите се до наоѓање на трајно решение, вели Ангелов.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button