Реклама
Нега и здравје

Стоматолозите ова го препорачуваат за блескава и убава насмевка – неколку совети за нега на забите

Реклама

Кога станува збор за хигиената на забите и усната шуплина, на пазарот постојат стотици производи кои ветуваат бисерна насмевка и свеж здив, но понекогаш тешко е да се вклопат и да се препознае кој да се користи.

Правилната нега на забите почнува од дневната орална хигиена која е наједноставна, ефикасна и лесна за одржување.

Затоа ви нудиме неколку препораки од стоматолозите за тоа кои се главните чекори кон правилна нега на забите.

Маркетинг

Негата на забите е приоритет

Миењето заби два пати дневно е првиот постулат за правилна нега, здрави заби и чиста усна шуплина. Ако прескокнете миење на заби, им давате шанса на забниот камен и бактериите да се наталожат и со тек на време да предизвикаат кариес и заболување на непцата. Потрудете се горните заби да ги миете во насока „како што паѓа дождот“ (движења надолу), а долните „како што расте тревата“ (движења нагоре). Влакната од четкичката задржете ги на исто место околу 10-15 секунди. Исчеткајте ги добро и задните како и предните заби.

Маркетинг

Водичка за испирање – освежување и дезинфекција

Целосната нега на забите е незамислива без водичка за испирање. Таа не е наменета само за одржување на здивот, туку и за спречување на настанување на забен каменец. дезинфекција на усната шуплина (ако содржи алкохол), против бактерии, а некои се дури и за белеење на забите. Истурете во устата количество колку една голтка и жабуркајте во устата најмалку 30 секунди за темелно да ја освежите усната шуплина.

Конец за заби – детална хигиена

Признајте – дали воопшто имате забен конец? Ако тоа не е случај, би било добро веднаш да се упатите до првата аптека и да го купите ова мало чудо кое ќе стане ваш главен сопатник во чистењето на забите. Редовното чистење на забите со забен конец овозможува да навлезете таму каде што не може четкатбиени – бирајте восочен конец, кој ќе ви овозможи полесно да го протнете меѓу забите, а потоа да го извлечете.

Исчистете го јазикот од наталожените бактерии
Добрата нега на забите не е комплетна без чистење на јазикот. Веројатно до сега неколку пати на јазикот сте забележале белузлав слој. Во прашање се бактерии кои предизвикуваат лош здив, кариес и заболување на непцата. Тие се размножуваат најмногу кога внесуваме храна, а посебно шеќерот. Затоа еднаш дневно треба да го чистите јазикот со посебна нежна четкичка за заби или гребалка за јазик, која може да ја најдете во аптеките. Со оваа намена може да користите и конец за заби, кој нежно ќе го провлечете долж јазикот за да ги отстраните бактериите од површината.

Совет плус

Освен хигиена и редовна посета на стоматолог, за здравјето на забите и на усната шуплина придонесува и здравата исхрана, зошто продуктите кои се богати со јаглехидрати и шеќери привлекуваат бактерии. За да ги зачувате здрави забите, внесувајте повеќе витамини кои топат маснотии како што се А, Д, К2 и Е.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button