Стигнаа најнови вести, и во Македонија скокна бројката на заразени со коронавирус – еве колку вкупно има заболени сега!
Пендаровски ја активираше војската заради епидемијата
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, донесе одлука за ангажирање на македонската војска на териториите на општините Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба заради корона вирусот Ковид-19.
Одлуката е донесена со цел да се спречи ширењето на корона вирусот и справување со последиците од епидемијата, откако беше прогласена кризна состојба на територијата на општина Дебар и Центар Жупа, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Единиците на македонската војска ќе ги координираат своите активности со локалните самоуправи во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи, како и со останатите институции во Македонија задолжени за кризни ситуации. Како што се наведува во соопштението одлуката на претседателот за активирање на војската ќе биде на сила до 11 април.
Шест нови заразени во Македонија
Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека се тестирани 12 луѓе, од кои позитивни се 6. Има една пациентка која се вратила од Барселона, а за сите други патници од авионот дадена е наредба за изолација. Жената е од Скопје.
Другите заболени се од Дебар, со што вкупната бројка се искачи на 18, соопшти министерот Венко Филипче.
Целосно се затвораат кафичите, обложувалниците, продавниците во моловите, како и повеќето гранични премини
Министерот најави и дека следните денови ќе биде зајакнат кадарот во болницата во Дебар. Граничниот премин на аеродромот Свети Апостол Павле за 48 часа ќе се затвори.
Од овие причини се превземаат и дополнителни мерки за понатамошно спречување на ширење на корона вирусот.
-Се затвораат сите гранични копнени премини кон Македонија освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце, кои ќе бидат отворени за премин на патници и возила. Да прекине со работа аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, односно да се затвори овој граничен премин после 48 часа по донесувањето на оваа мерка. Да се забрани влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен оние од земјите со висок ризик, истакна министерот Филипче на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека е донесена одлука и да се затворат сите продавници во моловите.
-Се затвораат продавниците, освен супермаркетите, продавниците за храна и аптеките. Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници. Сите угостителски објекти кои подготвуваат храна може да работат, но без посетителли, и да остваруваат продажба на алтернативен начин, рече министерот Филипче.
Ново работно време на трговските центри
Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол најавуваат дека до сега ги подржуваа сите донеси одлуки и во иднина ќе ги подржуваат сите донесени одлуки на владата на Република Северна Македонија.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека здравјето на граѓаните е пред се, и до донесување на одлука од владата за работењето на трговските центри сакаме да Ве известиме дека горенаведените трговски центри ќе работат со скратено работно време односно од 11:00 до 19:00 часот Здравјето на граѓаните ни е на прво место и ќе ја подржиме секоја одлука на владата на Република Северна Македонија. Промената на работното време ќе остане се додека владата не донесе одлука за работа на трговските центри во државата. Заради моменталната ситуација и потребите на граѓаните кои живеат во околните населби и град Скопје, аптеките и маркетите во трговските центри остануваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот. Новото работно време започнува од денес“, наведуваат во соопштението.