Новата 2024 година ни носи слобода од ретроградниот Меркур, па има подобро разбирање, но и подобрување во финансиските трансакции.
Меркур оди напред на 3 јануари, па можеме да очекуваме да дојде постабилен период. Венера е во Стрелец, а Марс патува кон Јарец, па планетарната ситуација на некои знаци повеќе ќе им одговара за пари од другите.
Доколку се прашувате кој ќе има пари во првата недела од јануари 2024 година, меѓу нив се и знаците како: Стрелец, Шкорпија, Јарец и Риби.
ШКОРПИЈА
Подароци и ситни пари ви носат и Венера и Меркур во втората куќа. Венера во Стрелец може да ви донесе материјална корист од деловното партнерство со личност од огнен знак или подзнак.
ЈАРЕЦ
Сезоната на вашиот знак ви одговара, па парите ви се лепат. Се зависи исклучиво од вашата иницијатива, па ќе бидете финансиски задоволни.
СТРЕЛЕЦ
Венера во вашиот знак ви носи многу вредни подароци. Влегувањето на Марс во Јарец ви носи поголема заработка во текот на јануари, но и можност да добиете покачување. Можете да добиете пари од најмалку два извори на финансирање.
РИБИ
Финансиската стабилизација конечно доаѓа кај вас, бидејќи планетите во Јарец се многу поповолни за вашиот знак отколку во декември. Можете да очекувате пријателска помош и потенцијална заработка врз основа на проект со пријателите.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Лав.