Реклама
Наши ѕвезди

Стефан Лазаров објави тажна вест за Зоки – болеста се проширила, ракот метастазирал и на коските

Познатиот таблоиден новинар и водител храбро се бори со тешката болест, а неговите објави на мнгумина им влеваат надеж дека сé ќе биде добро

Реклама

Јутуберот Стефан Лазаров сподели лоши вести за неговиот пријател и колега, Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.

Имено, Зоки со помош на донации замина на операција во Турција, но како што вели Лазаров во своето последно обраќање на социјалните мрежи, неговата ситуација е влошена и ракот се проширил.

На новинарот во Турција му беа направени испитувања и е утврдено дека ракот е поголем од 30 сантиметри и метастазирал на коските.

Маркетинг

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Но како што вели Стефан во своето обраќање, докторите кажале дека „Зочко ќе се спаси и дека мора да биде силен“.

Маркетинг

Инстаграм/ Стефан Лазаров

„Да се молиме за него и да го поддржиме во најтешките моменти“, вели Стефан во една од своите последни објави на Инстаграм.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Потсетуваме, Василевски во едно од своите последни обраќања од Истанбул зборуваше отворено за својата болест.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Новинарот кој долго време болеста ја држеше во тајност, раскажа дека првите симптоми ги доживеал пред три години.

Како што откри самиот, пред три години му се појавило топче на ногата, кое излезе дека е сарком, по што следуваше операција.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Зоки оваа операција ја направи во Државна болница, а по една година на истото место повторно му се појавува сарком, по што започнува со хемотерапии. Новинарот овој процес тешко го поднесува, а по некое време му е откриен и тумор во стомакот заради кој мора да се оперира.

И благодарение на хуманите луѓе и на неговите пријатели, Зоки за брзо време успева да замине на лекување во Турција.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Но како што откри Стефан, на испитувањата во Турција откриено е дека ракот метастазирал на коските, што дополнително ја комплицира ситуацијата со операцијата и неговото лекување.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инаку, покрај овие лоши вести, има и една убава, а тоа е дека на Зоки денес му е роденден, па цел ден добива честитки и зборови на поддршка. И како што вели Стефан, тој мора да остане силен, а од фотките што Зоки ги споделува од Истанбул може да се види дека тој не само што не се предава, туку и на сите им влева надеж дека ќе оздрави и дека ќе успее да ја победи оваа тешка болест.

„Овој роденден ви го посветувам на сите вам, илјадници километри далеку од мојот дом, но со полно срце љубов од сите вас“, порача Зоки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button