Реклама
Наши ѕвезди

Стефан Лазаров и Бака Прасе се испокараа заради Јелена Карлеуша?! Голем скандал што ги шокираше сите

Нашиот јутубер му објави војна на Бака Прасе, па му порача да дојде во Скопје?!

Реклама

По гостувањето на Јелена Карлеуша најпрво кај Бака Прасе, а потоа и кај Стефан Лазаров, нашиот Јутубер му објави „војна“ на својот колега.

Или барем така пренесуваат српските медиуми откако Стефан Лазаров даде изјава за „Курир.рс“ во која зборуваше за Бака.

И како што појасни Стефан Лазаров, тој најпрво му замерил на Бака Прасе (вистинското име му е Богдан Илиќ) што нашата земја ја нарекува со онаа несреќна географска одредница (која досега ние никогаш ја немаме ни споменато на нашиот портал, а не планираме ни во иднина), наместо да каже само Македонија.

Маркетинг

Инстаграм/ Стефан Лазаров

И како што појаснува Стефан, тој нема никаков хејт кон него, туку пред неколку години само сакал да му објасни како на јутубер кој е еден од најгледаните на Балканот за проблемите со кои се соочуваме како земја и зошто треба да вели само Македонија.

Маркетинг

Инстаграм/ Бака Прасе

Стефан потоа се осврна и на гостувањето на Јелена Карлеуша која во изминатиов период му беше гостинка, но гостуваше и кај Бака Прасе.

Јутјуб/ Стефан Лазаров

„Морам да кажам дека во Македонија доста луѓе го следат, и ние веќе со години наназад демек се расправаме. Тој изјави дека јас сум неважен и дека треба да останам таму каде што сум. Сакам да му кажам дека јас сум тука каде што треба да бидам и дека сум многу успешен. Мене не ме ложи тоа што го ложи него, пари и сето тоа. Јас во него гледам поголем потенцијал, мислам дека може многу повеќе. Кога Јелена Карлеуша беше кај мене во емисијата неколку дена подоцна од неговиот лајв, многумина коментираа дека моето интервју беше подобро“, вели Лазаров пред камерите на српскиот Курир.

Инстаграм/ Бака Прасе

Тој потоа додаде и дека Бака Прасе би требало да биде малку позрел, а не да се однесува така како што се однесува.

„Му доаѓа балканската дива на гости, толку тоа можеш да направиш со неа. Таа има приказна, тоа е ексклузива, а тој вади играчки“.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

„Мислам тој може многу повеќе од тоа“, вели Лазаров.

Овие негови изјави ги пренесоа речиси сите попознати портали во соседството, потсетувајќи дека Јелена во лајвот кај Бака ја гледаа како го бичува со камшик и како добива скапоцен ролекс од него, но и дека само неколку дена подоцна, како плаче и се исповеда во емисијата кај неговиот колега од Македонија.

Јутјуб/ Бака Прасе

Во продолжение погледнете некои од овие наслови што ги објавија порталите од соседството, а се однесува на Лазаров и Бака Прасе.

Принтскрин

Принтскрин

Сепак, Лазаров на крај се понесе џентлменски и го покани Бака да дојде во Македонија и вети дека убаво ќе го угости.

„Ние сме одлични домаќини, имаме ајвар, убава традиционална кујна. Можеби моите бројки за него се мали и можеби јас за него сум неважен лик. Луѓето тука го следат, има тој публика. Ете можеби можам да го научам да постави некои интересни и поинакви прашања“, вели на крај Лазаров во емисијата на „Курир.рс“.

Принтскрин

Принтскрин

Принтскрин

Принтскрин

Бонус видео

Стефан за Бака Прасе

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button