Претседателот Стево Пендаровски по повод почетокот на новата учебна година, се сретна со својата прва учителка Борка Палифровска.
Фото: Фејсбук
Пендаровски и 83-годишната учителка се потсетија на првите лекции и учениците, а разгледаа и албум со фотографии постари од 40 години од времето на неговите школски денови.
Емотивна средба со мојата прва учителка Борка Палифровска. Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 83-годишната Борка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години.
Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Борка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме., напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.