Статистиката е немилосрдна: Додека трае еден фудбалски меч короната зема 340 жртви – по еден на секои 16 секунди, само 10 се заразиле двапати
Во светот досега се потврдени не повеќе од 10 случаи на повторна зараза од коронавирус, изјави директорката на руската Федерална служба за надзор на заштита на правата на потрошувачите и добро на луѓето, Ана Попова.
Попова во интервју за весникот „Комсомолска правда“ рече дека собирањето на статистичките податоци е во тек, и дека досега се потврдени не повеќе од 10 сигурни случаи на повторна зараза од коронавирус.
Таа рече дека станува збор за лица кои боледуваат од имунодефициенција или кои имаат проблем со имунолошкиот систем.
Во Русија се потврдени 1.159.573 случаи на зараза. Од ковид-19 во оваа земја досега се излекувани 945.920 пациенти, а nочинаа 20.385 лица.
Според последните податоци од сајтот Ворлдметерс, над 33,4 милиони луѓе од светот досега се заразени од коронавирусот, додека од последиците на ковид-19 nочинале повеќе од милион пациенти.
Тоа што бројот на починати помина милион, значи дека е пробиена нова психолошка граница во пандемијата која ја уништи глобалната економија, го преоптовари здравствениот систем и го смени начинот на живот на луѓето.
Од првите случаи на зараза забележани во Кина во декември 2019 година, во повеќе од 210 земји и територии од светот е забележана појава на коронавирус.
Бројот на nочинатите од последиците на коронавирус во оваа година сега е двојно поголем од бројот на луѓе кои годишно уmираат од маларија.
Според калкулациите врз основа на септемврискиот просек, за 24 часа во светот уmираат повеќе од 5,4 илјади луѓе. Тоа се околу 226 луѓе на час, или едно лице на секои 16 секунди.
Во времето кое е потребно да се одгледа еден фудбалски натпревар, во просек уmираат од коронавирус 340 луѓе.
Податоците на универзитетот Џонс Хопкинс покажуваат дека сmртните случаи во САД, Бразил и Индија чинат речиси половина од вкупниот број.
Експертите предупредуваат дека вистинската цифра веројатно е многу поголема.
Генералниот директор на ОН Антонио Гутереш ова го нарече „мачна пресвртница“.
– Сепак, не смееме да го изгубиме од вид секој поединечен живот. Беа тоа татковци и мајки, сопруги и мажи, браќа и сестри, пријатели и колеги. Болката е помножена со дивјаштвото на оваа болест – рече тој во видео порака.