Потребно ви е:
300 грама макарони
400 грма пилешко филе
1 китка магдонос
150 грама сирење
100 грама биено сирење
3 јајца
1 пиперка
сол, бибер и оригано
1 ќесе крем супа од печурки
1 прашок за пециво
800 милилитри до 1 литар млеко
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Подготовка:
Во огноотпорен сад истурете ги макароните, сечканите пиперки, магдоносот, сирењето и издробеното сирење.
Јајцата изматете ги, па истурете ги врз исечканото месо. Додадете зачини.
Во млекото измешајте ги супата од печурки и прашокот за пециво.
Сите состојки измешајте ги во огноотпорен сад, па прелијте ги со супата и млечниот прелив и прелијте го остатокот од чистото млеко.
Печете на 200 степени околу 30 минути.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Целиот рецепт погледнете го на следниов линк:
https://www.youtube.com/watch?v=tjnhK3i6q0E&ab_channel=KuhinjaValentinaMa%C5%A1kovi%C4%87