Фатена на дело како кради основни прехранбени продукти
Вчера во попладневните часови во Бјеловар, град во централна Хрватска, во трговскиот центар на улица Андреј Хебранг, 71 годишна старица беше фатена во кражба. Таа во својата торба поминала со артиклите без да ги плати, но била запрена од чуварот кој и ги одзел артиклите, објави полицијата.
Откако била фатена, била повикана полиција.
Како што пишува Бјеловар.лајв постарата жена украла две јаболка, банани, јогурт и леб вкупната вредност на украдените артикли е околу 160 денари. Во прашање се основни прехранбени артикли, па оваа вест предизвика големо внимание на социјалните мрежи во регионот. Многумина коментираа дека полицијата додека ги гони ваквите кутри луѓе кои немаат ни за леб, на крупните криминалци, и посебно на оние од власта, им гледа низ прсти.
Што мислите вие?