Станка Трајкова од Сојузот на здруженија на пензионери: Со процентуалното зголемување пензионерите имаат правна сигурност!

Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека во тек е редовната исплата на пензиите, која овој месец е зголемена за 5.3%.
Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.
фото Илустрација
Согласно оваа методологија и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември е зголемена за 5.3%.
Ова е второ усогласување за оваа година , во месец март беше зголемена за 8.4% и заедно со 5.3% во септември, изнесува вкупно 13.7%.
Со исплатата на пензијата за месец август се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.
фото Илустрација
Министерството за труд и социјална политика претходно извести и дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во емисијата 24 анализа рече дека пензиите се зголемиле според податоците од Државниот завод за статистика, согласно методологјата и затоа не лицитирала со броката на зголемувањето.
– Минималната пензија е 13 200, а просечната надминува над 20 000 денари. Оваа влада носи системски решенија и не ги турка пензионерите во сиромаштија.
фото Илустрација
Минатата влада наместо да иневстираше во стиропорот, да инвестираше во пензионерите, во методологија за раст на пензиите, денес ќе зборувавме за најмалку 25 000 минимална пензија.
Денес имаме методологија која гарантира постојан раст на пензииите. Се грижиме за стандардот на граѓаните. Овие 5.3% се согласно новата методологија и таа статистика ја дава ДЗС. – рече Тренчевска.
Станка Трајкова од Сојуз на здруженија на пензионери во емисијата 24 анализа рече дека се работи за процентуално зголемување, односно за улосгласување на пензиите согласно законот за пензиоско и инвадлидско осигурување.
фото Илустрација
– Усогласувањето на пензиите е прашање кое е регулирано со закон и во него точно е утврдено како се утврдува процентот за усогласување на пензиите.
Секој пензионер сам да пресмета колку изнесува процентот на усогласувањето и тоа е голема правна сигурност за пензионерите.
Таа законска одредба се применува од ПИОМ врз основа на податоците за пораст на параметрите од коојшто зависи усогласувањето на пензиите – рече Трајкова.