Срцето ѝ дојде на место: Маја Вукичевиќ доживеа голема среќа во Австралија – повторно е заедно со него
Некогашната македонска пејачка доживеа огромна среќа, па се пофали на социјалните мрежи.
Кон крајот на 90-те Маја Вукичевиќ жреше и палеше на македонската сцена, а видео записите за нејзините песни изгледаа скапо и чекори понапред од времето.
Дваесет години беше присутна на музичката сцена, но одеднаш одлучи целосно да се повлече.
Поради љубов замина во далечната Австралија заедно со својот сопруг и повеќе не даде ниту една изјава за медиумите.
Својот приватен живот го крие како змија нозете, па иако е активна на социјалните мрежи сепак не споделува ништо од нејзиното секојдневие.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
Единствено познато за неа е тоа дека од првиот брак го има синот Горазд, кој го родила на 20 години.
Тој е нејзината најголема гордост и мотив да се бори и да му обезбеди подобра иднина.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
Горазд и Маја долго време беа разделени, но сега пејачката соопшти прекрасна вест.
Нејзиниот наследник, кој во 2019 година дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, сега дојде во Австралија кај својата мајка, да ги заврши магистерските студии и да започне живот таму.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
Убавата вест Маја ја соопшти на Фејсбук:
„Срцето ми дојде на место, добредојде синко, ти посакувам нов почеток, прекрасни доживувања во уникатната Австралија и среќни магистерски студии.Те сака мама“, напиша Маја во опис на фотографиите на кои се гледа дека блеска од среќа.