Се појави фотографија на која се гледа како петгодишно девојче ја држи својата седуммесечна сестра за маица обидувајќи се да ја спаси во урнатините кои останале од зградата во која живееле, по бомбардирањето од страна на сириската војска во Идлиб.
Таткото на девојчињата се наоѓал на неколку метри од нив. На снимката и фотографјата се е снимен градот Ариха, и се гледа како Рихам ја држи својата 7-месечна сестра Тука за нејзината блуза. Двете паднале од зградата, откако биле направени фотографиите, при што храбрата Рихам починала на лице место, додека нејзината помала сестра Тука се наоѓа во критична состојба.
Воедно по владинот напад нивната мајка, како и останатите сестри исто така загинале. Во нападот загинаа повеќе од 50 цивили, меѓу кои најмногу имаше жени и деца, а над 100 луѓе се повредени.