Срцепарателна порака од докторка до своите деца: Бебиња мои, ако ме убие вирусот знајте дека само си ја работев својата работа
Снимките и ужасните фотографии кои пристигнуваат од најголемите жаришта на коронавирусите секојдневно го обиколуваат светот.
И токму кога ќе се опуштиме, или ќе одлучиме непромислено да ја прекршиме самоизолацијата или некоја од мерките на превенција кои ја препорачуваа експертите, овие потресни снимки и фотографии се тука за да не потсетат што се останува зад епидемијата од коронавирусот и како може скапо да платиме цена ако недоволно сериозно ја сфатиме борбата со ова зло наречено коронавирус.
Една од таквите потресни фотографии на својот Твитер профил објави и Корнелија Григс, докторка од Њујорк, во кој со денови се води тешка борба против епидемијата од коронавирусот, кој секојдневно во Америка однесува нови жртви.
– Моите бебеиња се премногу млади за сега да го прочитаат ова. И едвај би ме препознале во оваа опрема. Доколку ме убие Ковидот, сакам да знаат дека мама ја работеше својата работа, напиша Корнелија покрај својата фотографија, во полна заштитна опрема на својот Твитер профил.
My babies are too young to read this now. And they’d barely recognize me in my gear. But if they lose me to COVID I want them to know Mommy tried really hard to do her job. #GetMePPE #NYC pic.twitter.com/OMew5G7mjK
Маркетинг— Cornelia Griggs (@CorneliaLG) March 29, 2020
Нејзината фотографија, сликана во една од болниците во Њујорк, се споделена над сто илјади пати, а под фотографијата се нижеа илјадници и илјадници коментари со поддршка за оваа млада мајка, докторка која во првите редови јуначки се бори со коронавирусот.
Во овој момент во светот има над 740.000 лица заразени од коронавирус, додека над 35.000 лица го загубија животот. Моментално, најголемото жариште е во САД, додека во Кина вчера е прогласен крај на епидемијата.