Реклама
Вирално

Српски научник стои зад револуционарен лек против ковид-19: Преку ноќ со колегите станаа милионери

Реклама

Професорот Ратко Ѓукановиќ (65) е еден од најдобрите светски експерти за астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, кој заедно со двајца свои колеги од Универзитетот во Саутемтон дојде до голем напредок во лекувањето на пациенти заразени од коронавирусот, пишува британски Гардијан.

Српскиот експерт заедно со професорите Стивен Хојгејт и Дона Дејвис пред 20 години открија дека протеинот интерферон бета кој помага кај настинките, им недостасува на оние кои боледуваат од астма и болести на белите дробови. Врз основа на тоа, нивната фирма „Синерген“ разви негова замена која на пациентите им помага да се справат со вирусните заболувања.

Маркетинг

Клиничката студија на нивниот лек SNG001, базиран на интерферон бета, завршена е пред 5 дена и покажа дека заразените од коронавирус имаат два до три пати поголеми шанси за опоравување со оваа терапија отколку со плацебо. На примерок од 101 заболен утврдено е дека шансите за развој на тешка форма од болеста имаат помалку за 79 отсто додека чувството за губење здив исто така е драматично намалено. Директорот на компанијата „Синерген“ Ричард Марсен е пресреќен со резултатите.

– За нив нема ништо подобро кога ќе видат дека нивниот лек ги лекува вистинските пациенти, а притоа заработуваат пари, рече Марсден откако акциите на нивната фирма скокнаа за 540 проценти за неколку часа по објавувањето на резултатите од студијата на 21. јули. Од почетокот на оваа година, вредноста на овие акции порасна за неверојатни 3.000 проценти.

Маркетинг

Бидејќи сите тројца научници имаат удел во компанијата, тие практично преку ноќ станаа милионери, па така 0,56 отсто од акциите на доктор Ѓукановиќ сега вредат 1,6 милиони фунти (околу 1,75 милиони евра).

Клиничката студија проширена е на пациенти со блага форма на болеста, додека на фармацевтската компанија „Рентшлер“ наложено и е да произведе милион дози пред претстојниот бран епидемија кој Велика Британија го очекува на зима.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button