Српскиот претседател Вучиќ брyтално и одговори на Цеца – ги запалија социјалните мрежи, сите во исчекување што ќе каже пејачката!
За коментарот на Цеца зборуваше и претседателот на државата, Александар Вучиќ?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вчера во емисија Хит Твит на Пин дека ја прочитал објавата на Цеца на социјалните мрежи на кои напиша „немојте со камен на пендрек и немојте со пендрек на камен“.
„Па да ве прашам, со што да одите на камен? Нека ви го нападнат Собранието, полицијата, по два часа ги тепаат со се’ што им е на дофат, цела Србија тоа го гледа, а потоа се правите наивни, па се прашувате со што да возвратат? Па што треба тие да прават?“ запраша Вучиќ.
Да потсетиме, во изминативе неколку дена во Србија се случија големи протести, а имаше и голем број повредени.
Полицијата успеа да ги растури демонстрантите, а еден дел од нив успеа да влезе во нивното собрание.
Тогаш Цеца напиша:
„Не yбива короната, не ужаcyва наcилcтвото, шокирани сме од рушењето, срамните фотографии од нашата убава земја заминаа во цел свет! Камен на пендрек, пендрек на камен – не смееме тоа да го дозволиме“, напиша Цеца на социјалната мрежа Инстаграм па продолжи:
„Како да заборавивме дека мораме да се чуваме самите себеси и другите од короната, но очигледно и од нас самите! Помогнете си самите на себе! Не рушете го градот – срамота! Поединци – не напаѓајте ги новинарите и полицијата – срамота! Поединци, не валкајте ја униформата – срамота! Не повредувајте ги другите – срамота! Некој мора да има право на свое мислење, но заради тоа никого да не загрозува, ниту пак да биде загрозен. Да бидеме достоинствени и во несогласувањето“, напиша Цеца во своето обраќање тогаш повикувајќи на смирување на ситуацијата.