Српскиот крал на бакшишот го зграпчи Ацо Пејовиќ, пејачот остана во шок: „Бегај од мене, будала еден“

Српскиот фолкер Радиша Трајковиќ Џани пред неколку дена го прослави 18-от роденден на својата ќерка Софија.
На роденденската прослава се појавија многу познати личности, а меѓу нив беше и Ацо Пејовиќ.
Ацо го зграпчи микрофонот и го отпеа својот хит „Ти должам сè“, поради што Џани беше многу емотивен, па реши да го бакне, но не во образ, туку во уста.
– Будало, ме бакна во уста -рече Пејовиќ.
Оваа ситуација ги насмеа сите присутни, а видеото со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
– Џани сака да прави врева на забави, особено кога пие. Сега седеше на иста маса со Аца, таму имаше многу нивни пријатели и навистина се опуштија. Како што секогаш се случува, гостите ги принудуваа да пеат, тие наздравија, а Џани неколку пати му го одзема микрофонот на Аца.
Фото: Инстаграм
На крајот додека пееше го бакна во уста. Ацо почна да се смее, а на крајот се сврте кон него и му рече: „Бегај од мене будало! Каков човек – вели еден од присутните на забавата за српските медиуми.
Фолк-пејачот Радиша Трајковиќ -Џани ја носи титулата „крал на бакшишот“, откако во јавноста се појави видео кое многумина остави без зборови.
Имено, на Џани му ставале бакшиш каде што стигнале, евра во чорапите, кошулата, околу главата, а пејачот за една песна заработил илјадници евра.
View this post on Instagram
Џани на прославите секогаш создава луда атмосфера, поради што присутните не штедат да го накитат.
Инаку, фолкерот привлече огромно внимание кога еднаш на приватна забава пиеше од чевел, а потоа се најде на мета на многу критики, по што тој се обиде да објасни зошто така постапил.
– Сето тоа е за мое задоволство. Никој не може да ме натера да се качам на масата. Го правам тоа што го чувствувам, тоа беше шега. Тоа беше мој пријател, купи нови патики. Што се’ правевме во животот – изјави тогаш Џани.