Српската фолк пејачка итно примена во болница

Нада Топчагиќ е хоспитализирана поради силни болки
Нада Топчагиќ била итно примена во Ургентниот центар, јавуваат српските медиуми.
Пејачката во текот на денот наводно се пожалила на силни болки во стомакот, поради што била хоспитализирана.

– Нада синоќа е примена во болница, имала силни стомачни болки, па е задржана во болница на операција, за да се направат дополнителни испитувања – изјавил изворот за „Блиц“.
Нада Топчагиќ итно е примена во Ургентниот центар, а сега се огласи нејзиниот сопруг Златко кој ги откри деталите.
Тој потврди дека пејачката е хоспитализирана.
– Настана огромна врева. Нада е добро, свесна е, синоќа и беше лошо и ја однесов во болница. Лекарите рекоа дека мора да остане за да направат дополнителни прегледи – изјави сопругот на Нада за Блиц.
– Нејзиниот живот не е загрозен. И претходно имаше проблеми со стомакот, но не го реши и сега и се влоши – додаде тој за „Блиц“.




