Српската Адел ги воодушеви сите со ова издание: Ослабна 90 килограми и ги собра сите погледи (ФОТО)
![](/wp-content/uploads/2023/04/FB_IMG_1682436453054.jpg)
Вчера во Белград се одржа еден од најпопуларните музички настани „Белградска пролет“, каде на едно место собраа голем број познати музичари и уметници, меѓу кои беше и српската Адел, како што многумина ја нарекуваат.
![](/wp-content/uploads/2023/04/FB_IMG_1682436478600.jpg)
Бидејќи претходниот период ослабе околу 90 килограми една од главните теми на секој настан каде што е присутна, главна тема е видно изменетиот изглед на Бојана Стаменов, кој никого не остава рамнодушен.
И овој пат пленеше со неверојатен шарм и харизма, а посебно внимание привлече нејзиниот моден избор, целосно во склад со самото име на фестивалот, вистинска пролет.
![](/wp-content/uploads/2023/04/20230425_172405.jpg)
Бојана за оваа пригода избра преубав долг фустан во цветен дизајн, со широки ракави, малку поизразено деколте и сатенски ремен кој го истакна струкот на пејачката.
![](/wp-content/uploads/2023/04/20230425_172343-1.jpg)
Комбинацијата на бела, црвена и зелена одлично и прилегаше на дамата која со комбинацијата на облека и широката насмевка донесе прекрасна енергија и ја пренесе на сите присутни, а не недостигаа коментарите дека изгледот на Бојана Стаменов е совршен.
![](/wp-content/uploads/2023/04/FB_IMG_1682436453054.jpg)
За тоа сведочат и фотографиите на кои таа весело им позира на насобраните фоторепортери, нашминкана во склад со стајлингот и неизбежниот цвет во косата, кој е еден од омилените детали на пејачката.
![](/wp-content/uploads/2023/04/FB_IMG_1682436461444.jpg)