Среќно семејство: Благој Бочварски ги покажа сопругата и ќерката
Ова е прва Нова година министерот за транспорт и врски да ја дочека како татко.
Бочварски позираше со своето семејство и испрати честитка до граѓаните.
Благој Бочварски е роден во Штип, каде завршил основно и средно училиште, а дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Тој во 2016 година беше избран за пратеник во Собранието, а од 2017 година стана градоначалник на Штип, се до парламентарните избори во 2020 година, кога од 30 август почна да ја извршува министерската функција.
Пред две години заплови во брачните води со неговата сакана Маринела Серафимова.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Маринела е 12 години помлада од министерот и исто така од Штип, а по професија е дипломиран доктор по општа медицина.
На нивната свадба присуствуваа познати личности, многу колеги и најблиските на парот.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Минатата година Маринела и Благој беа благоловени со ќеркичка.
Во август 2023 година им се роди нивното прво дете, ќерката Бјанка.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Маринела и Благој уживаат во улогата на родители, а оваа Нова година ја дочекаа во својот дом заедно со Бјанка.
Оттаму тие испратија честитка до граѓаните.
„Многу насмевки, здравје и среќа во новата 2024 година“, напиша Благој.