Среќна вест од домот на најпознатиот и најубавиот пар во цела Турција – БЛЕСКААТ ОД РАДОСТ, а се шушкаше дека се разведуваат!
Бурак и Фахрие споделија преубави вести…
Пред пет години омилениот турски актер, Бурак Озчивит, им ги скрши срцата на своите обожавателки кога се ожени со една од најубавите жени во Турција, Фахрие Евџен.
Тие свадба ја направија на романтичниот Босфор, во Истанбул, а за овој настан се зборуваше со недели.
Како круна на нивната љубов го добија синот Каран, а од социјалните мрежи можеме да видиме дека уживаат во брачниот живот.
Не ретко објавуваат заеднички фотографии на своите профили, со кои понекогаш и ги демантираат вестите дека имаат проблеми во бракот, а овој пат дури и ги изненадија своите бројни обожаватели со убава вест.
Имено, Фахрие и Бурак овие денови прославија петгодишнина од бракот, па и двајцата го одбележаа овој датум со заеднички фотографии што ги објавија на социјалните мрежи, а ги потпишаа со срце.
Инаку, турските медиуми пред извесен период објавија дека бракот на познатиот пар е во сериозна криза.
Тогаш некои портали дури и објавија дека тие би можеле да се разведат, па познатиот пар ги демантираше овие вести.
И како што изјавија за медиумите, тие ни самите не знаат колку пати досега медиумите ги разведувале, за да потоа повторно ги смируваат, така што познатиот пар мораше да ги демантира овие вести, посебно заради нивните бројни загрижени фанови.
Маркантниот турски актер и тогаш сподели заедничка фотографија со својата убава сопруга и покажа дека сé е во ред.
Повеќе нивни фотографии погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен