Денеска православните верници го празнуваат светиот апостол Филип.
Еден од дванаесетте апостоли и светец кој можел да ја смири змијата и да го врати видот на луѓето.Празникот на Светиот апостол Филип е познат и по покладите пред Божиќниот пост, па понекогаш се нарекува и „Филипов пост“.
Светото писмо вели дека Филип од Витсаида бил повикан од Исус да му се придружи и да му биде ученик. Филип го примил светиот дух и тргнал да го проповеда Евангелието со Јован Боголсов и апостолот Вартоломеј низ Азија и Грција. Господ ги чувал а тие исцелувале луѓе и на многу неверници им ја вратиле верата. В
о времето на царот Доментијан , 86 година овие апостоли во Јерополе умртвиле со своите молитви огромна змија која неверниците ја обожавале и држеле во храм. Потоа му го вратиле видот на човек кој бил cлеп 40 години.