Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Среќен именден Симо, Симеон, Симонка, Симон, Симона, Симка…

Реклама

Именден празнуваат: Симо, Симеон, Симонка, Симон, Симона, Симка…

Денеска е Преподобен Симеон Столпник. Toj на 18-годишна возраст тој ги напушти родителите и се замонаши. Откако помина неколку години во секакво смирување, одлучи да се предаде на посебен подвиг, дотогаш непознат во Црквата подвигот на столпништвото.

Останатиот дел од животот го помина на врвот од еден висок столб, по дожд и по ветер, по жешко и студено време. Господ го удостои со дар на чудотворство. На сите што доаѓаа при него им помагаше како што можеше, исцелувајќи ги, советувајќи ги, поучувајќи ги. Живееше 103 години. Се упокои во 459 година, а моштите му беа подоцна пренесени во Антиохија.

Маркетинг

Ден за започнување на есенските земјоделски работиНа овој празник започнува црковната нова година. Според верувањето и светците се раководеле по овој календар. Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија имаат и многу заеднички елементи.

Народното верување уште вели дека на овој ден започнува црковната година и дека по календарот што започнува со овој ден се раководеле светците како Божји луѓе.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button