Росана Сариќ Тодоровска и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче соопштија прекрасна вест.
Нивната ќерка е повторно бремена, а тие двајцата ќе добијат уште еден внук.
Маркетинг
На Фејсбук Росана објави фотографии од нејзината ќерка Ивана, заедно со зетот Џејмс и внукот Ноа на кои тие позираат со балони и слики од ултразвук, а среќната двојка покажа дека очекува уште едно момче.
За „Женски Магазин“ Росана раскажа дека бил пресреќни која Ивана им ја соопштила убавата вест дека е бремена по втор пат.
Маркетинг
Вели дека во време на пандемија, во кое владее страв и неизвеснот, убаво е да се чуе нешто позитивно.
„Среќни сме, пресреќни и нека биде со лесно“, вели Росана.
Ноа за неколку дена ќе поли три години, а Росана вели дека сè уште не свесен дека ќе има братче иако се обидуваат да му објаснат, сепак пресреќната баба на сите им посакува ваква радост.
Росана сè уште важи за еден од нашите најдобри вокали и публиката ги обожава нејзините песни.
Инаку Росана е во брак со актерот Ѓорѓи повеќе од 30 години, а има и „формула“ за успешен брак.
„Или ќе се прифатите со партнерот какви што сте, или ќе имате проблем. Успехот во сите нешта го прават двајца“, вели Росана.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .