Реклама
Новости

Среде лет откажа моторот на авионот: Се случи вистинско чудо

Реклама

Патниците на летот на Qantas открија како слушнале силен тресок додека левиот мотор на авионот откажал во воздух – но изјавиле дека не биле свесни за сериозноста на ситуацијата сè додека не слетале.

ФОТО: Принтскрин

QF144 предизвикал страв ширум светот откако пилотот упатил повик на половина пат од патувањето на авионот кој летал од Окленд до Сиднеј, при што болничарите брзале кон аеродромот во Сиднеј, а 200.000 луѓе го следеле проблематичниот лет на FlightRadar.

Но, патниците на летот не биле свесни за сериозноста на ситуацијата. Првите патници што се симнале од авионот рекле дека не им било кажано дека моторот претрпел дефект, едноставно дека имало некаков проблем откако слушнале силен тресок во воздухот.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Се претпоставува дека пилотот им подал рака на сите 145 патници додека го напуштале авионот.

Патникот Симон Шмит за медиумите изјавил: „Ни беше кажано дека ништо не се случило, тие беа целосно професионални и дознавме дури кога слетавме на копно.

Маркетинг

Слушнавме само тресок и можеби благо треперење, но тоа беше тоа. Во тоа време немавме поим, не сфативме дека целиот мотор се расипал,само слушнавме тресок“.

ФОТО: Принтскрин

Една од патничките, Џорџија изјавила: „Немаше да знаеме дека нешто навистина се случува. Немавме поим дека нешто се случило и тоа е добро“.

Патничка по име Лејла додала: „Многу луѓе рекоа дека забележале нешто и јас мислев дека слушнав нешто, но не знаев дека е сериозно“.

ФОТО: Принтскрин

Една Англичанка ги пофалила патниците во летот, како и екипажот.

„Само беше тивко, сите се однесуваа добро, секој го правеше она што треба да го направи“, рече таа.

Еден патник изјавил: „Пожарникарските возила беа таму и пилотот рече „ох, мора да се паркираме затоа што имаме проблем со моторот“, а потоа кога беше прегледан рече „о не, моторот навистина откажа“.

ФОТО: Принтскрин

„Кога рекоа дека можеме да ги вклучиме нашите телефони, го вклучив телефонот и имав 18 пропуштени повици од мојата сопруга велејќи: „слетавте?“, „слетавте ли?“

Повикот за паника бил направен приближно на половина пат од летот до Сиднеј, кој траел нешто повеќе од три часа.

„145-те патници во авионот нормално се симнаа од леталото. Иако исклучувањето на моторот при лет е ретко, и природно би било патниците да се загрижени, нашите пилоти се обучени да управуваат со нив безбедно и авионите се дизајнирани да летаат подолг период на еден мотор“, велат од авиокомпанијата.

ФОТО: Принтскрин

Повеќе од 100.000 луѓе го следеле летот на радар додека се приближувал кон Сиднеј.

„Мајдејскиот повик е меѓународно признат, итен повик или повик за помош“, изјави за ААП портпаролката на австралиската управа за поморска безбедност.

Повикот се објавува кога летот е во сериозна и непосредна опасност и има потреба од итна помош, според Airservices Australia.

ФОТО: Принтскрин

Откако ќе се објави повикот, контролорите ги алармираат службите за спасување на авијацијата, пожарникарите и итните служби со детали за тоа како да реагираат. Тие им обезбедуваат помош и на пилотите.

Qantas се смета за една од најбезбедните авиокомпании во светот без фатална несреќа во повеќе од 70 години.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button