Реклама
Вирално

Средбата на 6-годишно детенце кое е слепо и има аутизам со Дедо Мраз е претпразничен потсетник дека и најмалото добро дело е значајно

Реклама

Фотографиите од средбата на мало детенце со Дедо Мраз ќе ви го растопат срцето.

Мајката на 6-годишниот Метју кој е слеп и аутист ја раскажа приказната за да шири љубезност и сочувство.

Маркетинг

„Му шепнав на Дедо Мраз: ‘Тој е слеп и аутист и е многу заинтересиран за Дедо Мраз’. Тој ми врати: ‘Нема потреба да велиш ништо друго’ и веднаш седна на подот за да го поздрави моето мало маже. Тој зборуваше со Метју долго време. Му дозволи да го допира. Му рече да го повлече за брадата, да ја почувствува неговата капа и му зборуваше за црвениот костим. Срцето ми се исполни кога го гледав Метју толку заинтересиран. Ова е најдобриот Дедо Мраз!“ – напиша 41-годишната мајка од Тексас.
Метју бил роден во 24. недела од бременоста, а неговиот брат близнак не преживеал.

За првичните дијагнози, неговата мајка сподели: „По скеновите на неговиот мозок, докторите рекоа дека нема никогаш да оди и зборува. Бог имаше други планови.“

Маркетинг

Сторијата претпразнично го обиколува светот за да нè потсети колку е важно и најмалото добро дело.

Поврзано

Back to top button