СРБИЈА ТАГУВА – Почина познатата актерка!

Веста за нејзината смрт шокираше многумина
На 75-годишна возраст почина актерката Јелена Чворовиќ Пауновиќ.
Имено, Јелена многумина ја засакаа како Жаклина во серијата „Среќни луѓе“ и како Касандра во „Семејно богатство“.
Јелена Чворовиќ Пауновиќ кај телевизиската публика остана запаметена по нејзиниот многу специфичен глас.
Јелена Чворовиќ Пауновиќ, родена Радовиќ, беше српска театарска и телевизиска актерка.
Дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1972 година во класата на професорот Миленко Маричиќ.
Таа е од Бајина Башта, а живеела и работела во Белград.
Играла во многу претстави како „Слепа кокошка“, „Самоубиство“ и „Балкон“…
Таа го привлече вниманието на публиката со својот необичен и оригинален начин на создавање на ликовите што ги толкуваше.