Според она што го видовме на Инстаграм овој модел од Манго може да стане вистински хит
Жените од целиот свет не можат да им одолеат, и покрај тоа што на некои мажи овој тренд воопшто не им се допаѓа .
Комбинезоните се популарни веќе неколку сезони, а во новата колекција на познатиот шпански бренд ќе најдете еден атрактивен модел кој им се допадна на многу жени ширум светот. Според модните гуруа од порталот „Who What Wear“ ова парче би можело да биде вистински пролетен хит, а за тоа зборуваат и бројните фотографии што се појавуваат на Инстаграм на кои познати ИТ девојки и трендсетерки веќе го носат во своите комбинации.
https://www.instagram.com/p/BfEOK8Zj1p9/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BfBuupkjFlJ/?utm_source=ig_embed
Тие најчесто го комбинираат со патики (одлични за таа намена се „Convers All Star“ или „Adidas Campus“) но можете да ги носите и со елегантни високи потпетици и повторно да изгледате одлично. Неговата најголема предност е што им стои убаво на сите, без разлика на формата на телото, а проширените ногавици, широките кратките ракави и ременот кој го истакнува струкот им ласка како на слабите, така и на жените со облини.
Комбинезонот од тексас со ремен можете да го купите од продавниците на Манго по цена од 4990 денари. Но пред да решите да го имате и вие овој актуелен модел во вашите плакари, погледнете ги и другите модели што ги пронајдовме на полиците на овој бренд, а кои исто така радо би ги носеле.
Па кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?