Реклама
Дом и семејство

Според научниците колку повеќе време поминувате со вашата баба, таа толку подолго ќе живее

Реклама

Ако ја поканиш твојата мајка или баба на вечера, можеш да и го продолжиш животот и да го зголемиш неговиот квалитет, открива една нова научна студија.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија со ова истражување открија дека осаменоста игра голема улога во стареењето. За истражувачки цели, тие следеа 1600 луѓе кои беа во просек на возраст од 71 години и дојдоа до откритие дека осамените, без оглед на нивниот социо-економски статус и општо здравје, имаат повисока стапка на смртност. Речиси 23 отсто од осамените луѓе починале во рок од шест години од почетокот на истражувањето во 2011 година, наспроти 14 отсто од оние кои велат дека имаат друштво.

Маркетинг

„Ние цел живот имаме потреба да бидеме опкружени од луѓе кои не познаваат, не ценат и не развеселуваат, а тоа важи и за постариот животен период“, вели Барбара Москов, социјален работник во „Њујорк тајмс”.

Постарите луѓе многу ги ценат таквите односи па затоа сакаат да поминуваат повеќе време со своите деца и внуци.

Маркетинг

Тие се многу толерантни кон несовршености, повеќе од младите луѓе. Тие, исто така, имаат повеќе искуство и знаат за што вреди да се борат и за што не”, предупреди Розмари Близен, професор по човечки односи.

Треба да се дружите со постарите луѓе, експертите предупредуваат, и да ги охрабрувате, бидејќи тие така напредуваат, а тоа и на младите луѓе им носи прилика да се поврзат и да напредуваат.

Затоа, не заборавајте да ја повикате вашата мајка и татко или баба и дедо на вечера бидејќи оваа врска е како симбиоза. Ним ќе им годи друштвото и разговорот со вас, а вам – нивните приказни и прегратки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button