Реклама
Вирално

Споделeте и практикувајте: 7 начини како да го спречиме ширењето на коронавирусот (ВИДЕО)

Реклама

Министерот за здравство Венко Филипче апелира ова видео да се сподели.

 

Маркетинг

-7 начини како да го спречиме ширењето на корона вирусот. Да ги следиме советите од Светската здравствена организација.

Пет нови случаи на коронавирус во земјата.Вчера беа тестирани 7 лица. Од нив, негативни се резултатите на 6 лица, а позитивен е резултатот на една пациентка која била прегледана на Инфективната клиника во Скопје.

Маркетинг

Пациентката е на возраст од 54 години, се вратила од Холандија, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец. Развила симптоми и денеска е јавена на преглед на Клиниката за инфективни болести фебрилни состојби во Скопје.
Најдени се сите контакти од семејството, таа била во домашна самоизолација, според нејзиното кажување и анкетата на епидемиолозите.

Контактирани се членовите на смејството, возачот на таксито којшто ја возел од Аеродром до дома, а во овој момент се контактираат уште 31 лице кои се вратиле со авионот, а кој пристигнал од Виена. Таа е со лесна клиничка слика и веќе е хоспитализирана. Со ова, бројката на сместени и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје сега е 14.

Попладнево на коронавирус се тестираа уште 10 други лица – 7 од Дебар, од кои 4 биле во контакт со заболените и истите се позитивни на вирусот, како и 3 по случаен избор кои се негативни. Дополнително на коронавирус се тестирале и две лица на Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

„Две лица кои имале симптоми на грип се јавиле во лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“. Тие биле спроведени по протоколот на болницата, земени се материјалите и тестовите се позитивни. Меѓутоа, ние тие тестови поради усогласување и унифицирање на методата на тестирање, во текот на утрешниот ден ќе ги тестираме во нашата лабораторија.

Утре претпладне ќе се знаат резулатите на пациентите тестирани на Клиниката „Жан Митрев“. Во мометов состојбата во земјата е 23 потврдени случаи на коронавирус преку лабораторијата на ИЈЗ Скопје.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button