Сподели фотографии од плажа и доби низа комплименти: Тијана драстично ослабна и откри- “Имав 115 килограми”, погледнете како изгледа сега
Се преполови...
Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ е позната по својот специфичен стил на облекување, а кратката фризура е нејзин заштитен знак.
Изгледот на Тијана Дапчевиќ привлекува внимание каде и да се појави поп-ѕвездата, што секако беше случај неодамна кога таа се фотографираше во костим за капење.
Тијана заедно со сопругот Милан Дапчевиќ и синот Вук замина на одмор, од каде редовно споделува фотографии со своите следбеници на Инстаграм.
Помеѓу бројните објави, до израз дојде и онаа во која пејачката позира во костим за капење на плажа.
Тијана Дапчевиќ за својот изглед доби низа пофални коментари.
Вистина е дека Тијана ослабе многу. Во последните шест месеци таа го доведе своето тело до совршенство.
– Ги уништив фотографиите по породувањето. Ги изгорев, бидејќи во тој момент имав 115 килограми. Кога ќе кажат дека сум висока, пушти го тоа. 100 кг е 100 кг. Сега имам 72 килограми, што е уште многу, ама Боже мој – искрено изјави Тијана гостувајќи на ТВ Блиц.
Да потсетиме, Вук порасна во убаво момче а пред неколку дена заврши основно училиште, по што следеше матурска прослава, а гордата мама не одолеа да го овековечи овој момент со фотографија.
Сликата на која таа и нејзиниот избраник позираат покрај елегантно облечениот Вук ја споделија на Инстаграм профилот на пејачката, а пораката ги разнежни фановите.
– Оди детето на полуматура. Среќно сине, мама и тато те сакаат – кратко напиша поп ѕвездата, додека од очите и течеа солзи радосници. Не можеше да поверува дека веќе поминаа 15 години откако на свет го донесе своето бебе.