Спенџарска се пофали како го уредила својот топол дом, па им се обрати на фановите: „Што не кажавте?“
Младата македонска водителка покажа како го уредила станот во кој живее со момчето.
Мала промена, а носи толкава свежина во станот, што дури изгледа како да си во друг стан.
Со ова ќе се согласи секоја жена.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Водителката која ја гледаме на утринската програма на Канал 5 телевизија, Јелена Спенџарска веќе извесно време живее заедно со своето момче Лукас во Солун.
Лукас е роден и живее во Грција, па откако одлучија да живеат заедно, Јелена се пресели во неговиот стан.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Јелена во моментов е една од најпопуларните, но и највлијателни јавни личности во земјава.
Инстаграм е мрежата на која е најактивна и секојдневно се труди да комуницира со своите следбеници.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Вљубеник е во модата и ги следи модните трендови, а младите девојки, но и постарите се угледуваат на неа и црпат инспирација од нејзиниот стил.
Вљубена до уши и често покажува како изгледа нивното секојдневие, споделува видеа и фотографии од нивните патувања.
Овој пат таа покажа како го уредиле станот со Лукас и откри дека направиле мала промена.
Јелена на Инстаграм сподели фотографија од дневната соба и напиша дека конечно ставила завеси на прозорите и воодушевена е од целиот амбиент.
Погледнете: