Реклама
Наши ѕвезди

Спасен фатен како вози пијан – јавно се извини до МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, но и распали по СДСМ

Призна дека се кае заради стореното, но и дека е подготвен да ги сноси последиците

Реклама

Пејачот Спасен Сиљаноски, кој е и голем симпатизер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на социјалните мрежи и призна дека а фатен од страна на полицијата дека вози во алкохолизирана состојба.

Како што самиот изјави во ова свое обраќање преку социјалните мрежи, тој се кае заради стореното и нема никакво оправдување за тоа, но истовремено ги критикуваше и медиумите кои објавија, според него, невистини во врска со целиот случај.

„Гледам изминативе два дена на провладините порталчиња повторно на удар моето име. Но веќе не ми е чудно бидејќи 7 години како што знаете и читате Спасен Сиљаноски е секогаш на мета на владиниот пиар и квази порталчињата финансирани од антидржавната власт. Причината за тоа е повеќе од јасна и верувам дека сите ја знаете….Неисе, да не должам многу ќе пробам да не пишувам “чаршафи” како што би рекол Миленко, и ќе бидам краток во моето писание, и се само поради една причина, а тоа е да посочам што е лага, а што вистина“, вели познатиот фолк-пејач во своето обраќање на Фејсбук.

Маркетинг

Тој потоа додава дека навистина бил според под дејство на алкохол и дека се кае за тоа свое несовесно однесување.

Маркетинг
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Како што самиот вели, подготвен е да ги сноси сите правни последици и санкции заради она што го направил, но истовремено е револтиран и за сите невистини што биле објавени во врска со целиот случај.

„Во ниту еден момент не сум пружал отпор како што наведуваат порталите, бидејќи ако пружив отпор, ситуацијата ќе изгледаше поинаку, а секако немаше доброволно да прифатам да дувам“, вели Спасен.

Целото негово обраќање прочитајте го во продолжение…

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Потсетуваме, неколку дена претходно за Спасен беше објавено дека ноќта на 6 кон 7 април во 3.40 часот бил застанат од страна на полицијата и фатен како вози во алкохолизирана состојба.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Но во некои од овие објави пишуваше и дека Спасен наводно веднаш се јавил кај министерот за внатрешни работи за да ургира за да не биде казнет, но и дека ги навредувал полицајците.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Пејачот сето ова го негира во своето обраќање, истакнувајќи дека сето ова му се случило заради неговите политички ставови.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Како што самиот вели на крајот од неговото обраќање до јавноста, тој се извинува за ова свое непримерно однесување, но и дека заради морални и етички причини повеќе нема да биде дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.

Целото негово обраќање прочитајте го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button