Спасен Силјаноски се пофали со своето разголено тело – фолкерот во издание какво не сте го виделе
Македонскиот фолкер замина на одмор и веднаш сподели фотографија од плажа.
Спасен Силјаноски покажа дека освен со фантастичниот глас, може да се пофали и со стас.
Тој важи за еден од најдобрите машки вокали во моментов, а освен во нашата земја голема популарност стекна и надвор од нашите граници.
Голема „вина“ за тоа има неговиот огромен хит „Ќе ти дојдам“. Оваа песна е доста популарна на Тик Ток, а луѓето не можат да престанат да се снимаат додека танцуваат на неа.
Оваа песна на Спасен му донесе огромна популарност и го направи еден од најпребаруваните пејачи во моментов на Гугл.
Еден е од ретките кој се труди да пее исклучиво македонски песни на неговите настапи и честопати јавно ги искритикувал неговите колеги кои повеќе пејат српски песни отколку македонски на свирките.
Искреноста е негова доблест. Секогаш отворено искрено зборува и за својот живот и за кариерата.
Доста е ангажиран и неговите настапи се закажани со месеци однапред.
Ужива во својата работа и се чини дека ја прави со леснотија, но дојде време и за одмор.
Летната сезона започна, па и пејачот одлучи да си даде оддишка.
На социјалните мрежи сподели фотографија на која се гледа дека ужива на плажа, а најголемо внимание привлече неговото вајано тело.
Редовните тренинзи и здравата исхрана даваат токму ваков резултат.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски