Спасен Силјаноски им ги стопи срцата на сите – ќе се изненадите од господинот што е покрај него
Неговите деца се неговиот најголем подарок
Еве како пејачот ужива кога е со својот наследник
Пејачот Спасен Силјански ужива во улога на татко и не крие дека децата му се најдобриот подарок во животот.
Тој на социјалните мрежи често споделува фотографии на кои е со семејството, а сега објави една заедничка фотка на синот.
Имено, Спасен и неговиот син имаа посебна причина да се дотераат од глава до пети, па избраа да изгледаат идентично.
Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Црни панталони и розово сако беше нивниот избор, а како што појасни гордиот татко, тие се подготвувале да бидат кумови.
Фејсбук/ Спасен Силјаноски
„Се спремаме за кумови. Тато и бато“, напиша Спасен под фотографијата со која им ги стопи срцата на своите бројни фанови.
Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Спасен потоа објави уште една фотографија од малиот господин кој цело време не ја тргаше насмевката од лицето.
Овие фотографии им ги стопија срцата на многу пријатели и фанови и предизвикаа лавина од реакции на профилот на пејачот.
Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Потсетуваме, Спасен веќе долги години е во брак со Ана, а круна на нивната голема љубов се нивните две деца, Мила и Арсениј.
Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Пејачот многу пати досега има истакнато дека неговото семејство е најскапоценото нешто што го поседува, а во една пригода за Гламур магазин истакна дека неговите деца го имаат наследено талентот од него и дека ја саката музиката.
„Запишани се на нижо музичко, а Арсени веќе свири хармоника кај Мишел Трајковски. Не знам дали и понатаму ќе остане нивната желба за љубов, тоа е моја огромна желба, но нема да ги терам со сила доколку не сакаат. Генот го имаат…“ изјави Спасен тогаш.
Повеќе за ова прочитајте тука..