Реклама
Интервју

„Со ќерка ми градиме многу интересен другарски однос“

Реклама

Интервју со Елена Стојановска Јанковска.

Таа е една од најпознатите и најубавите водителки во Македонија. Некој ја препознаваат по милозвучниот глас на радио, а други пак по нежниот и сладок изглед  од малите екрани. Повеќе од 20 години е активна во медиумскиот етер, и еве сега ја има можеби и најодговорната задача во својата кариера – да биде уредник и водител на Утринската програма на телевизија Сител. За тоа какви предизвици носи професијата но и која е тајната за нејзиниот изглед разговараме со Елена Стојановска Јанковска.

Маркетинг

Моментално сте уедничка и водителка на најгледаната утринска програма на Сител ТВ „Ја сакам Македонија“. Кажете ни колкав пат требаше да изодите за да бидете тоа што сте денес?

Со оваа професија почнав да се занимавам на 18 години, беше мое хоби покрај учењето. Не ни претпоставував дека по 20 години баш ова ќе биде моја примарна професија. Денес морам да кажам дека сум многу среќна што се излезе вака како што е. Работев во емисија за млади на Втора програма Македонско радио „Наши графити, па ја работев музичката емисија „100 %“ на А1 телевизија. Потоа патот ме однесе во МС телевизија, за мојата кариера вистински да почнам да ја градам во Сити радио и Телма Телевизија. Во овие два медиуми бев 10 години, за еве сега да ја имам можеби и најодговорната задача, да бидам дел од утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на најгледната телевизија во МК, Сител. Се радувам многу на секој ангажман, горда сум на секое искуство и сега работам со една фантастична редакција што е мој дополнителен предизвик за понатамошни успеси.

Маркетинг

Колку е комплексна вашата фукнција како уредничка и колку ви е напорно?

Дознав дека сите сме различни карактери, дека сите имаме различни начини на изразување но не спојува љубовта кон професијата. Искрено, напорно е затоа што одговарам за повеќе луѓе, но се се одвива професионално и во тоа ми помага фактот што тимот на „ Ја сакам Македонија“ е пред се исполнет со луѓе кои си ја сакаат работата и сакаат да бидат успешни. Конечно сите работиме како тим, за што поголеми успеси и на нашиот проект и на телевизијата.

Што може да очекуваат гледачите на „Ја сакам Македонија“ од септември?

Можам да најавам новитети, и во визуелна смисла и во содржините. Нема да отстапуваме од она по што сме препознатливи, љубовта кон нашата Македонија, па повторно ќе ги имаме прекрасните репортажи дури и од тешко достапните предели. Секако, ние со годините, но и со успешната работа на целиот тим успеавме да се наметнеме и како пријатели на гледачите. Секогаш сме тука за нив, да им помогнеме, да им се најдеме за сите општествени проблеми, социјални приказни и заеднички да повикаме работите да одат на подобро.

Што може да ви го разубави денот?

Успешно реализирана емисија е дел од професионалната радост и задоволство. Но, приватно среќна ме прави моето семејство што мислам дека е идентично за сите нас. Многу сакам дружби со другарките и јас не кријам дека другарствата многу ги негувам. Конечно, голема среќа за мене е и кога патувам некаде, тоа ни е заедничка страст со мојата љубов.

Како се релаксирате по напорниот работен ден?

Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос.  Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата. Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка.

Која е тајната на вашата одлична физичка линија?

Ивана, немам тајна. Некако секогаш ги имам истите килограми. Не внимавам да не внесувам јаглехидрати, напротив мислам дека се важни. Не јадам месо и тоа не затоа што сум некој заколнат вегетаријанец туку дека не ми  се допаѓа нешто посебно. Сакам риба, сакам овошје, зеленчук ама речиси секојдневно јадам и чоколадо. Сакам да пешачам и можеби тоа ми помага.

Мислам дека важно е човек да е умерен во се.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button