Реклама
Холивуд

Со фустан од 2000 долари Кајли Џенер го потврди враќањето на овој „несекојдневен“ тренд

Реклама

Кајли Џенер постојано експериментира со модни трендови.

Како една од највлијателните личности, особено во модниот свет, Кајли ги диктира претстојните трендови.

Маркетинг

По повод забавата на нејзиното момче Травис Скот, младата ријалити ѕвезда одлучи да облече краток, бел сатенска фустан со голи раменици кој на едниот ракав има додаток со пердуви. Со овој храбар фустан, Кајли носеше високи потпетици направени од истиот материјал со кои и даде на целата облека посебна доза на нежност и провокација.

Маркетинг

 

Пердувите на облеката како и на накитот беа доста популарни пред неколку години, но потоа одеднаш паднаа во затишје. Затоа Кајли, како инфлуенсерка, се погрижи да не заборавиме на овој екстравагантен моден додаток и ни го презентираше на најдобар можен начин.

https://www.instagram.com/p/Brsx9wpHk-e/

Во описот на фотографијата, Кајли напиша само „Драма”, што е сосема доволен опис за оваа креација. Инаку, дизајнот е потпишан од дизајнерката Магда Бутрим, а неговата цена се движи околу 2000 долари.

Поврзано

Back to top button