Со треперење во гласот Сања зборуваше за Слаткар – само жена која искрено љуби го кажува ова
Со треперење во гласот Сања зборуваше за својот сакан.
Само жена која е многу вљубена може вака да зборува за својот партнер.
Некогашната манекенка Сања Николиќ и познатиот македонски рапер Марко Маринковиќ – Слаткар се еден од најпознатите парови на нашата сцена.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ – Слаткар
Нивната љубов трае од многу одамна и заедно се повеќе од деценија.
Неколку години ја кариеја својата љубов, но потоа обелоденија дека се заедно.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ – Слаткар
Сања и Слаткар изгледаат вљубено како првиот ден.
Секогаш кога зборуваат еден за друг, тоа го прават со огромен сјај во очите и со многу љубов.
Еден на друг си се најголема поддршка во сѐ што прават.
ФОТО: Принтскрин
Освен љубовта ги поврзува и работата.
Слаткар дури има напишано и неколку песни за неа, од кои „Кажи да“ ја изведе и на нивната свадба.
По долги години пауза, Слаткар одлучи повторно да направи концерт за македонската публика.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ – Слаткар
Сања воопшто не сака да се појавува во јавност и на Инстаграм не е многу активна.
Но, на концертот на Слаткар прифати да застане пред објективот на естрадниот магазин „Бекстејџ“, каде со треперење во гласот зборуваше за нивната љубов.
„Толку многу работи сме поминале заедно за да, еве денес сме веќе 12+ години, да сме фамилија, да го имаме Моша и јас сум најгордата жена на цел свет“, кажа Сања и му се обрати на водителот: „А, ме фати знаеш во многу емоции?“