Реклама
Интервју

Со тек на време ќе ме заборават ама Сонцето за три света ќе грее срца вљубени – интервју со Мики Јовановски Џафер

Концерти по повод јубилејот од 50 години на музичката сцена

Реклама

Евергрини се зборовите кој Мики Јовановски Џафер ги отпеа пред 30, 40, 50 години.

Генерациите кои растеа со неговата музика, но и новите генерации кои ја сакаат неговата песна ќе имаат прилика во еден глас да пејат во придружба со пејачот, во живо, на неколкуте најавени концерти по повод јубилејот од 50 години на музичката сцена со Мики Јованосвки Џафер.

Го поканивме со цел заеднички со музичарот да го отвориме албумот на спомените од неговата кариера. Џафер се присети на убави моменти и евоциравме спомени од едни убави времиња.

Маркетинг

Уживајте во овој интересен разговор.

1. Педесет години, не е тоа мала бројка. Најпрво честитки за златниот јубилеј. Верувам деновиве многумина ви честитаат, па кажете ми како се чувствувате кога ќе го чуете ова, какви мисли или можеби стихови ви минуваат низ глава?

– Благодарам за честитката иако јубилеот е заоквирен на 50-ка, музичката кариера ми е некоја година повеќе. Низ глава ми минуваат само светли мисли, многу искуство и елан. Јас сум во најубавите години со непотрошена енергија.

Маркетинг

Замислете ова прашање да му го поставите на Стинг или Здравко Чолиќ? Што ќе ви одговорат, кога веќе се обезбедени со шоу бизнис. А ние овде го немаме, а повторно твориме со македонски јазик и чување идентитет. Дали некогаш јавноста или твоите колеги од новинарска брнша го помислиле тоа ? – вели Џафер.

 

 

2. Ако треба да ја опишете вашата кариера со која песна би било тоа?

– Јасно е „Сонце за три света“ ме препознава во популарноста. Дури ме надминува и мене, со тек на време ќе ме заборават ама Сонцето ќе грее срца вљубени. Но, има публика која ќе каже спротивно. Кој го прати мојот опус со тек на годините ќе сумира мозаик од стилови и жанр. Можеш да ги класифицираат моите испеани песни на рок, поп, балади и спој на традиционални со инвеција во аранжман. Според мое убедување имам песни и за третиот милениум во развојот на човечанството ама да причекаме можеби тогаш ќе проработи вистинскиот шоу биз.

фото: Приватна архива од Џафер

3. Кој момент го сметате како клучен за пресврт на вашата кариера?

– Најзначаен момент во мојата кариера е кога излегов од групата „Леб и Сол“. Секоја чест за момците и групата, но ако останев сигурно ќе го немав овој огромен опус и сигурно мои авторски дела и версови. Знаете, слободата кај уметникот е најбитна ствар. Од неа се креира. Сум бил во многу групи како „Автограм“ и други, но кога ќе се вложите таму а другите ја немаат таа енергија излегува дека сте менаџер не само на самиот себе туку и за останатите во групата. А тоа е стравотно трошење време и младост. Знаете, кариерата не ве чека вас, туку вие треба да ја бркате и уловите. Инаку јас од „Леб и Сол“ излегов единствено од социјални причини во 1977г. Не знам кој како ќе го свати ама јас си знам.

4. Кој е период е вашата златна ера на популарноста? Вашите почетоци во 70-те, времето на ,,Автограм” во 80-те, појавувањето на Макфест во 90-те со ,,Сонце за три светови” или денес?

– Треба да знаете дека започнав на 17 годишна возраст директ на ТВ. Мене ме препознаваат генерации од 70ти, 80ти,90ти, а за наваму еве ме . .многу има за раскажување ќе станам досаден. Има податоци за мојата кариера.

фото: Приватна архива од Џафер
„Насмеаното дете пдо учителката“

5. Кој ви остана доследен пријател сиве овие 50 години?

– Тие со кои взаемно се почитуваме и денес сме заедно. Сигурно дека постојано не е можно да сме “на купче” поради други преокупации и идеи, но ете во бендот за јубилејната турнеа се двајца извонредни гитаристи Драган Грујевски-Груле и Венко Серафимов. Поголемиот дел од опусот е со нив. Тоа се последните во мојата музика.

фото: Приватна архива од Џафер
„Со Груле кој свири до сабајле под Пелистер

Многу драги и блиски другарчиња со кои творевме “отидоа” порано. Горе се со својот блуз: Драган Денковски-Шајто,басистот на Автограм, потоа, Борисав Матевски -Мате, најдобриот блузер на овие простори, потоа, Трајко Каров-Трале, тапанар на Автограм (брат на Бубо Каров од К15) и едно блиско другарче Владо-кумановец, басист од времето на г. “Мост”.

Остануваме празни без своите пријатели, па утеха бараме во луѓе со кои тие се дружеле !?

6. Македонската музичка сцена некогаш или денес, која е подобра?

– Сѐ помалку место има за македонската музика.Македонскиот простор е одамна во својата судбина мигрантски, од каде луѓе поединци со своите квалификации и талент си заминуваат. Причините се познати. Во музиката, веќе спомнав, географски и културно сме блокирани од (не) културната хегемонија на турбо фолкот кој е директен непријател на вистинските македонски творци.

фото: Приватна архива од Џафер
„тинејџер“

Истите се или херои или жртви на македонскиот идентитет, од причина што творат со својот македонски инстинкт.Не знам која владеачка гарнитура ќе се сети на ова ! Едноставно, меѓусебно не се чувствуваме во маките или кодот ни е еготрип !? Буди се, немој да заспиеш ! пееме во песната “Мамец”.

7. Како одлучивте да го прославите големиот јубилеј?

– Музичарите не решаваат за својата кариера. Тоа бара средства, напор, организација. Андреа е лицето кое се понуди да прославиме јубилеј од 50г. иако се повеќе.

Не славам јас, слават песните и сите што ги сакаат тие мелодии. Веќе повикав: Сите на бина со мене да запееме.

 

Мики Јовановски Џафер има причина за славење – погледнете како изгледал во младоста (видео)

 

8. Да очекуваме ли нова музика од Мики Јовановски – Џафер?

– Мики Јовановски е преполн со нова музика и со нетрпение сакам да ги пуштам во оптек. А секој нов материјал бара финансии, соработка, студиско искуство и време. Песните ми се комплет со музика и лирика. Чудно, но мене периодот на короната ми беше плодоносен. Додека бевме затворени излегуваа една по друга. Сакам да ги подарам на фановите. Ги замислив како соработка со идентични колеги кои се специфика во типот на песната. Господ со сите нас. Благодарам на вниманието. Чест ми беше за поканата.

 

Фотографиите се приватна архива.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button