Со стомак до заби во бикини ужива на плажа: Милена посреќна од било кога
Македонската водителка објaви фотографија со трудничкото стомаче.
Милена ги изненади фановите со фотографија на својот Инстаграм на која позира во бикини, а во прв план е нејзиноо трудничко стомаче. Фотографијата е направена во 2017 година, кога Милена била бремена со својата прва ќерка Лана Марија.
Милена Антовска е една од нашите најдобри, но и најубави водителки.
Нејзината кариера трае долги години, но таа изгледа исто како и на самиот почеток.
Секогаш средена од глава до пети, Милена е на ниво на својата задача.
Иако природата на нејзината професија е таква што мора рано да се разбуди, таа и рано наутро зрачи и изгледа фантастично.
Публиката веднаш ја засака и токму затоа успешно опстојува повеќе од деценија.
Приватно е сопруга и мајка, која секој слободен момент сака да го помине со своите најблиски.
Таа и нејзиниот сопруг Гордан ги имаат ќерките Лана Марија и Јоана.
Активна е на Инстаграм , каде често може да се видат фотографии и видеа од нејзиното секојдневие.
Милена секогаш отворено зборува за својот приватен живот, а и во двете бремености работеше и беше активна до самиот крај.
Мора да се признае дека дури и бремена, Милена мамеше воздишки со својот изглед. Може да се каже дека беше една од најубавите трудници што некогаш сме ги виделе.
На Инстаграм сподели спомен од 2017 година, од неа додека во бикини ужива на плажа, а во стомакот ја носи нејзината прва ќерка.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска