Реклама
Вирално

Со пет деца заминале на работа во Германија: Она што го доживеале таму не му го посакуваат ниту на најголемиот непријател

Кога сопругата останала бремена им се срушил светот...

Реклама

Ова животно искуство на 41-годишен маж кој со сопругата (39) заминал во Германија не сака да го доживее никој.

фото илустрација/unsplash

Имено тој и неговата 39- годишна сопруга заминале за подобар живот но на крајот доживеале вистински пекол.

Маркетинг

фото илустрација/unsplash

Домаќинот и неговото семејство поминуваат низ најтешката егзистенцијална криза за која сведочи.

Маркетинг

фото илустрација/unsplash

Како што самиот истакнува за списанието Феникс, откако се преселиле во околината на Фројденштат, Славонац почнал да работи во пилана, а набрзо таму се вработила и неговата сопруга.

фото илустрација/unsplash

Но за жал за нив убавата вест, не била убава и за работодавецот па тогаш започнал пеколот. Жената набрзо била отпуштена.

„Морав да позајмам 10 илјади евра од татко ми за да преживеам. Ми ги даде сите негови заштеди. Баба ми ми даде уште пет илјади евра, со кои купивме автомобил бидејќи живееме на село и ни треба. Но, го продадов пред еден месец бидејќи немав повеќе пари. Се срамам од ситуацијата во која се најдов“, изјави тој за списанието Феникс.

фото илустрација/unsplash

Тој, исто така, вели дека со неговата сопруга работеле напорна физичка работа во пилана од утро до вечер и дека поради неговата работа и посветеност добил дури и благодарница а сетоа тоа се случувало, непосредно пред таа да остане бремена.

фото илустрација/unsplash

Овој работник тврди дека откако неговата сопруга добила отказ тој исто така почнал да минува низ тежок период, односно бил малтретиран и понижуван на работното место на секој начин.

фото илустрација/unsplash

„Ми ја отежнаа работата, претпоставувам, за да ја напуштам работата. Таква тортура трпев еден месец, а потоа имав мала операција на ногата“, раскажува тој и додава дека на секои пет дена добивал писмо од шефот во кое му кажува да се врати на работа или ќе биде отпуштен.

Во меѓувреме, судот пресуди дека компанијата мора да ја врати жената на работа, бидејќи адвокатот обезбедил се што е потребно за продолжување на работниот однос. Но, тоа не го спречи газдата да им даде и отказ па дури и да го прекине договорот за изнајмување стан.

фото илустрација/unsplash

Сега не знае што да прави бидејќи неговите деца во Германија одат на училиште. Откако шефот ги одјавил од нивната адреса, детскиот додаток престанал да им доаѓа, па со месеци живееле во сиромаштија.

„Никој не сакаше да ни помогне бидејќи газдата и неговите два сина се „бог и батина“ на тоа место“, рече тој.

фото илустрација/unsplash

Тој и неговото семејство живеат со 1.600 евра детски додаток, кои повторно почнале да ги добиваат кога го решиле проблемот со адресата. Сепак, тие приходи не им се доволни за да живеат.

фото илустрација/unsplash

„Не сме го платиле станот од јуни бидејќи немам што да работам. Го молев работодавецот да ми даде договор за изнајмување стан затоа што можам да го прикачам на моето барање за помош од Центарот за вработување (Jobcentra). Тој ми го даде договорот само во септември. Работниот центар го плати станот, но сè уште ја немам добиено помошта што ми следуваше поради малите примања. Раководителката на Центарот за вработување рече дека ќе ја добиеме заостанатата помош, но до денеска ништо не сме добиле“, вели тој.

фото илустрација/unsplash

Семејството до декември мора да се исели од станот во кој живее, а кој му припаѓа на шефот на компанијата. Се обиделе да изнајмат уште еден стан, пишувале барања, но никој не сака да им дава под кирија бидејќи немаат приходи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button