Реклама
Наши ѕвезди

Со една објава Игор Којиќ ги подгреа муабетите за развод од Северина, еве што навести тој

Реклама

Веќе подолго време се шпекулира дека бракот на Северина и Игор Којиќ е во длабока криза.

Додека некои пишуваат дека дури и поднеле документи за развод, синот на Драган Којиќ Кеба на социјалните мрежи сподели своја фотографија и приказна за љубовта.

Маркетинг

– Кога сите би се држеле до љубовта, оваа земја би била рај. Но кога сите би се држеле барем до она што е помалку од љубов – зошто, љубовта е врска на совршенство – кога барем би се држеле до принципот „што си посакувате себеси, тоа правете им го на другите; што не сакате за себе, тоа не им го правите на другите“, тогаш оваа земја, ако не би станала вистински рај, би била близу до рајот“. Патријарх Павле – напиша Игор.

https://www.instagram.com/p/CAXcKSJDOzj/

Маркетинг

Пред неколку недели за да може Северина да биде поблиску до својот син Александар кој е кај својот татко во Белград, сопружниците Којиќ дојдоа во куќата на Кеба и веднаш избила кавга, па возрасниот пејач ги смирувал младите.

– Игор разговараше со Севе и ѝ рече дека во овој момент не е паметно да даваат пари за реновирање на куќата и дворот. Кеба нема уште долго да настапува поради панедмијата, а неговата заштеда веќе се ситни, а тие немаат друг извор на приходи. Избила кавга во куќата, па Севе бесно излетала од куќата и тоа за време на полицискиот час, поради што мораше да плати казна од 50.000 динари, вели извор.

Недолго потоа Северина ги спакувала работите, ја напуштилa куќата на Којиќ и заминала назад во Хрватска.

-Сама во Загреб го прослави својот 48. роденден. Со Игор ниту се видела ниту слушнала 3 недели. Игор и Севе и претходно имаа бурни кавги и помирувања, но овој пат работата е навистина сериозна, објавија медиумите повикувајќи се на свои извори.

Најновата објава на Игор уште повеќе ги збуни фановите и ги рашири шпекулациите дека двојката е пред неминовен развод.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button