Реклама
Наши ѕвезди

„Со години мојот маж има ЉУБОВНА АФЕРА“ – Ѓоковиќ стана најдобар во светот, а НЕГОВАТА сопруга откри голема ТАЈНА!

Реклама

Незаменлив дел од скоро секоја победа на Новак, и секоја титула во последните неколку години, неговата сопруга Јелена, поради ограничувачките мерки во Австралија поради „ковидот“, не можеше да биде со сопругот во Мелбурн, но и со Јелена, и без неа, исходот е претежно ист – Ноле доминира и зема титули.

ФОТО: Јелена Ѓоковиќ / Инстаграм

По уште една импресивна победа на Австралија опен, 9-та титула во Мелбурн, 18-ти грен слем во нејзината кариера, Јелена испрати порака до својата мила, преку Инстаграм, сите да ја видат!

– Љубовната врска што мојот сопруг ја има со стадионот Род Лејвер се пренесува низ целиот свет многу години (9) и јас со задоволство се претплатив да ја гледам драмата. Тука веќе има премногу бакнежи и прегратки за трофејот. Донеси го дома, љубов – рече Јелена.

Маркетинг
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е победник на годинашното издание Австралија опен. Србинот до деветтиот трофеј и трет во низа на Грен слемот во Мелбурн дојде по релативно лесната победа над Данил Медведев претпладнево во финалниот меч кој траеше нешто помалку од два часа.

Во првиот сет Ѓоковиќ на Русинот му препушти 5 гема (7:5), а следните два сета ги доби со по 6:2.

Маркетинг
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Ѓоковиќ покажа дека и натаму е неприкосновен кога се работи за првиот Грен слем во годината и доминантен во светскиот тенис.

Тој ја оправда фаворитската улога. За него ова беше 18-та Грен слем титула. Му остануваат само уште две да се изедначи со рекордерите, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Од друга страна, четвртиот носител на турнирот, доживеа пораз по серија од 20 победи, воедно го загуби и своето второ финале на Грен слем турнирите.

Пред почетокот на турнирот Ѓоковиќ се согласил на џентменски договор со организаторите на „Австралија опен“, да му биде исплатена за 1 милион долари помала награда од таа што ќе ја освои.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

За победникот на „Австралија опен“ наменета е награда од 3,12 милиони долари, а тенисерот ќе добие 2,13, што не е малку, но е за милин помалку.

Директорот на турнирот во Мелбурн откри дека Ѓоковиќ се согласил победниците да добијат помала награда од вообичаеното со цел младите играчи и оние кои ќе отпаднат во претходните фази од турнирот да добијат повеќе пари.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Сето ова е направено за да се олесни ситуацијата во време на пандемијата на коронавирусот, и да им се помогне на помладите тенисери со големите трошоци за патувањето во Австралија, двонеделниот карантин и многу други работи, што е само уште едно во низата убави потези од најдобриот светски тенисер.

Во меѓувреме, наградниот фонд на „Австралија опен“ не е намален, туку е зголемен за седум милиони долари, а Ѓоковиќ покажал солидарност со пониско рангираните тенисери.

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button