Соња Тарчуловска неутешна, со ПОТРЕСНИ ЗБОРОВИ се збогуваше од мајка си: „Како да живеам без тебе?“
Мајката на Соња Тарчуловска почина пред повеќе од месец дена, а пејачката се огласи и ја откри својата голема тага
Почина мајката на Соња Тарчуловска
Пејачката Соња Тарчуловска на својот Инстаграм профил откри дека поминале 40 дена од смртта на нејзината мајка.
По овој повод таа се огласи и објави фотографија на коа е со нејзината мајка со емотивна порака што расплака многумина.
Од зборовите што таа ги напиша повеќе од јасно е колку беше голема и силна љубовта помеѓу мајката и ќерката и мајката.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
„Да знаев дека тоа е твојата последна ноќ од животот, да ти кажев уште нешто, ќе молев да не одиш, да ми кажеш како да живеам без тебе… ?“, напиша Тарчуловска под заедничката фотографија што ја сподели на својот Инстаграм, а потоа го додаде и следново:
„Затоа што на се друго ти ме научи. Знам колку изгубив затоа што те немам, затоа што се трудам да живеам на таков начин за да бидам достоjнa за тебе. МАМО се додека јас дишам ‘е бидеш во моите молитви. Мајко животот без тебе е вечна потрага по нежност. НЕДОСТИГАШ 40 дена и цел живот…“ напиша познатата пејачка.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Познато е дека мајката на Соња Тарчуловска беше нејзина најголема поддршка и потпора во нејзините најтешки моменти.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
А колку пејачката ја почитуваше можевме да видиме и само пред неколку месеци кога за нејзиниот роденден Соња напиша:
„Среќен роденден мамичке Кога ќе ме видиш како те набљудувам во паркот, те молам, не паничи. Јас само размислувам како ми беше кога бев на твое место. Те гледам и знам колку е тешко. Само држи се цврсто и биди љубезна кон себе“ напиша Тогаш Соња на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Принтскрин/ Јутјуб