Соња Тарчуловска му напиша емотивна порака на својот син – еве зошто нејзините зборови ги тpoгнаа мајките од цела Македонија
Семејството Тарчуловски секогаш има причина за славење и уживање во животот.
Судејќи според фотографиите кои познатиот пар ги споделува на социјалните мрежи, кај нив дома секогаш е весела атмосферата.
Јохан и Соња Тарчуловски се пар кој секогаш го привлекува вниманието од јавноста.
Иако се трудат премногу да не се експонираат, сепак нивната попукарност не спласнува и нивните фанови едвај чекаат тие да објават нешто ново на социјалните мрежи.
Гордата мсјка Соња Тарчуловски е таа која секогаш споделува емотивни објави поврзани со нејзините деца.
Некогашната пејачка е 16 години во брак со со македонскиот бранител и политичар Јохан Тарчуловски, а нивната љубо успеа да ги преброди сите бариери и тешки моменти со кои се соочи парот.
Круна на нивната љубов се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
На социјалните мрежи често споделуваат семејни фотографии од нивните заеднички патувања и посети на разни дестинации во земјава и надвор.
Она што може да се види од фотографиите е дека децата се постојано со Соња и Јохан каде и да одат, а дека во нивниот дом владее хармонија.
Иако тоа не е случај со политичарите, Јохан спека ја покажа својата романтична страна и по повод годишнината од бракот со Соња ѝ посвети емотивна порака:
„16 години и во добро и во лошо, и во радост и во тага, но само заедно еден до друг. Нашата приказна продолжува“, стои во опсиот.
Под објавата веднаш почнаа да се нижат коментари со убави желби за семејството од нивните најблиски и пријателите.
Нивната прва ќерка Мелани тргна по стапките на својата мајка и започна и професионално да се занимава со музика.
Мелани веќе има освоено и многу награди благодарение на извонредниот глас.
Онаа на која беа прегорди и Соња и Јохан беше настапот на фестивалот „Golden Voice 2020“ каде од 100 изведувачи од 70 различни земји, достојно ја претстави Македонија и го свои второто место.
Нивната втора радост, синот Младен наполни 14 години, а гордата мајка не издржа и на Фејсбук сподели негови фотографии во чиј опис напиша:
„Младен синко наш пред 14 години кога се роди го осветли нашиот живот. Затоа тебе цел живот да ти биде светол, гази го ти животот, а не тој тебе, Сречна 14, те сакаме“, напиша Соња на Фејсбук.
Младен инаку е голем вљубеник во фудбалот и игра за Фудбалскиот клуб на Вардар.
Последна радост во семејството е малата Јоана.
Јоана има 6 години, а пред 2 недели и таа го прослави својот роденден. По повод роденденот нејзините родители организираа забава на која присуствуваа нивните блиски и многу другарчиња на Јоана.
„Секој ден со тебе е благословен, Јоана, убавино наша. Среќен 6 роденден, ТЕ САКАМЕ“, напиша Тарчуловска во опис на фотографиите.