Реклама
Интервју

Софија Јанева „Среќна сум што имам професија која ми овозможува доволно слободно време за патувања и нови авантури“

Реклама

Еден од најинспиративните профили на социјалната мрежа Инстаграм кога се работи за патувања е дефинитивно профилот на Софија Јанева. Млада блогерка на која патувањата и биле причина да почне да пишува и свој блог пред три години. Вели дека налјудите фотографии се прават спонтано и со мобилен телефон. Се релаксира гледајќи серии, а во овој период најмногу од се што и недостасува се патувањата…

Што значи да си инфлуенсер во Македонија?

Од професионален аспект зборот инфлуенсер ми нема некое големо значење бидејќи пред се јас сум дипломиран економист, а наскоро ќе ја добијам и својата магистерска диплома во областа на дигитален маркетинг. Покрај тоа јас сум и фриленсер и блогер. Својот блог го започнав пред три години и многу сум задоволна од постигнатиот успех.

Што најмногу те инспирира?

Патувањето ме прави среќна, ми отвора нови перспективи, ми дава нови идеи и ме ослободува од секојдневниот стрес. Патувам уште од многу рана возраст со моите родители, од кои ја наследив љубовта кон патувањата, авантуристичкиот дух и желбата за истражување нови дестинации. Забележав дека многу луѓе се интересираат за моите патувања и авантури, па решив да ги споделам со светот. Така се роди и мојот блог, по едно патување во Австрија кое навистина ме импресионираше и морав да ги споделам впечатоците. Подолг период размислував да започнам свој блог, а знаев дека блогот може да ми помогне да создадам независен животен стил во одреден момент во иднина.

Маркетинг

Сепак најважно ми беше да ги документирам моите патувања и да пишувам за она што сметав дека на моите пријатели и семејство ќе им изгледаа интересно.

Има ли некој посебен дел од денот кој ти е најинспиративен?

Секој дел од денот ми е инспиративен на свој начин бидејќи наоѓам инспирација во и во најмалите работи. Тишината доцна во ноќта и утринскиот џагор ми се подеднакво инспиративни.

Маркетинг

Најубавото нешто што ви се има случено поврзано со вашата работа?

Точно е дека како инфлуенсери често добиваме подароци но најубавиот подарок за мене се патувањата и искуствата што ми ги пружи оваа работа. Имено, често хотели или туристички агенции ме контактираат за промоција а за возврат добивам бесплатно сместување. Како некој што обожава да патува, ова е најубавиот подарок!

Бјути рутина која редовно ја применувате?

Kако што знаете јас често тестирам козметика и експериментирам со шминки но има неколку производи што ги користам долго време и знам дека ми одговараат на мојата кожа. Тие производи се од линијата NovAge Skinergise од Oriflame. Во мојата дневна и ноќна рутина користам 5 производи. Гелот за миење на лице нежно ја чисти кожата и воопшто не ја суши. Серумот длабински навлегува во кожата ја подобрува текстурата и го изедначува тенот. Дневната крема ја обожавам бидејќи ја хидрира кожата без да остави масен слој а воедно содржи и СПФ 30. Ноќната крема има одличен состав и е многу ефикасна посебно ако имате лузни од акни. Содржи glycolic acid, niacinamide (ова се активни состојки што мора да ги користите доколку имате проблематична кожа и лузни од акни како мене) и витамин Е. Со цел спречување на појава на брчки околу очите во ноќната рутина како последен чекор задолжително ја користам и кремата за очи.

Што те прави среќна и исполнета?

Среќна ме прават малите работи во животот, љубовта, дружењето со моите пријатели, убава книга, фотографија, мојата фамилија и секогаш се трудам да имам позитивен став во животот. Среќна сум што имам професија која ми овозможува доволно слободно време за патувања и нови авантури.

Може ли во Македонија да се живее од инфлуенсерство?

Од мое лично искуство, дефинитивно може да се заработува но не да се живее од тоа. Во споредба со развиените западни држави каде што блогерите заработуваат големи суми, кај нас сè уште повеќето брендови не се свесни за моќта и влијанието кое го имаат блогерите/инфлуенсерите, а кои не секогаш се јавни личности.

Каде се прават најлудите фотографии?

Мое лично мислење е дека нема точна формула за добра фотка. имено за добра фотографија потребни се многу нешта: добар фотоапарат, добра светлина, добра локација, итн. Но најлудите фотографии секогаш се прават спонтано и најчесто со мобилен телефон.

Како се релаксирате?

Најчесто со гледање на серии како: Modern Family, Emily in Paris, Friends, итн. Но најмногу ме релаксираат патувањата што ми недостигаат во овој период.

Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

Најудобно се чувствувам кога сум облечена во некој интересен outfit, а омилени парчиња моментално ми се: беретки, мали ташни, капути, итн.

Омилено телевизиско лице?

Да бидам искрена не гледам телевизија, поинтересни ми се социјалните медиуми.

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?

Никогаш не сум престојувала подолго време во Азија, а тоа ми е следно на мојот bucket list откако ќе заврши короната!

Која лоша навика сте успеале да ја победите?

Како фрилернсер и блогер јас немам определено работно време па имав навика да спијам до покасно. Веќе одамна се одвикнав од оваа лоша навика бидејќи денот сакам да ко искористам до максимум!

Како гледате на пријателите во животот?

Пријателите се најскапоцен подарок во животот, не можам да живеам без нив!

Фото: приватна архива на Софија Јанева

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button