Оваа млада дама има тело од соништата
Манекенката Софија Ричи, ќерката на познатиот музичар Лионел Ричи, деновиве ужива во Мајами заедно со своето момче Скот Дисик.
Убавата 21 годишна манекенка не се одвојува од своето 15 години постаро момче, кој и беше партнер на Кортни Кардашијан и со која има три деца.
Манекенката се пофали со совршена фотографија на која позира во минијатурни бикини со леопард дезен.
Иако многумина се сомневаа дека нејзината врска со Скот ќе успее, тие во последно време не се одвојуваат еден од друг.
Интересно е и тоа што Софија поприлично се зближи и со неговата поранешна партнерка, па неодамна сите заедно, со се’ децата, беа на годишен одмор.
Софија и Скот се во врска веќе две години, а претходно убавата манекенка ја поврзуваа со Џастин Бибер.