Софија Лорен и на 88 години изгледа неверојатно – блеска како и ДИЈАМАНТИТЕ што ги носи во ова шик гламурозно издание
Таа и на 88 години плени со својата харизма
Италијанската филмска дива Софија Лорен (88) последните години живее повлечен живот и ретко ја гледаме во јавност.
Таа по подолг период повторно се појави пред камерите и со својот изглед и овој пат никого не остави рамнодушен.
Имено, легендарната актерка која последен пат во јавност се појави во март, кога беше фотографирана на Беверли Хилс, на настан кој тогаш беше организиран од модната куќа на дизајнерот Џорџо Армани, сега застана пред фоторепортерите и новинарите, но овој пат имаше посебна причина за тоа.
Имено, Софија во центарот на Милано отвори ресторан што ќе го носи нејзиното име, а овој настан собра голем број претставници на џет-сетот.
Таа на отворањето се појави заедно со својот син Карло Понти Помладиот и со внуците со кои гордо позираше.
Таа едноставно блескаше и изгледаше подобро од кога било досега во своето шик бело издание.
Италијанската филмска дива носеше гламурозни бели панталони и сако под кое и се гледаше белата сатенска блуска, а целото издание го зачини со голема скапоцена огрлица и обетки на кои блескаа дијаманти.
Таа целото издание го заокружи со тренди очила за сонце и со коса стилизирана со нежни и благи кадрици.
И покрај тоа што има 88 години, таа своевремено за медиумите изјави дека се чувствува со децении помладо.
„Понекогаш кога ќе кажам дека имам 86 години, и самата не си верувам. Се чувствувам како да имам 20“, изјави таа во една пригода.
Инаку, филмската легенда е родена на 20 септември 1934 година во Рим, а и денес со својот шарм и харизма хипнотизира.