Сопругот ја изневери со нејзината најдобра пријателка: Оваа пејачка со македонско потекло помина низ пеkoл но не се предаде
Пејачката Гоца Божиновска последните недели е во центарот на вниманието поради синот Мирко Шијан, чија врска со Бојана Родиќ, балдазата на Вељко Ражнатовиќ ги полни медиумите.
Многумина заборавија дека и Гоца пред многу години и самата беше тема на медиумите, бидејќи имаше бурно љубовно минато со таткото на Мирко, покојниот Зоран Шијан.
Гоца Божиновска во бракот со Зоран Шијан доби две деца, ќерката Зорана и синот Мирко, а сопругот своевремено ја изневеруваше со нејзината пријателка Горана.
Зоран и Горана добија дури и вонбрачен син.
– Таа жена ми го уништи семејството, целиот живот. Ми беше тешко, но не се враќам на поминатото. Одлучив повеќе да не трошам време и нерви на непотребни работи. Толку драги и сакани луѓе сум изгубила што некои работи не се ниту приближно болни како таа. Можам само да кажам дека јас и таам не сме скарани и дека меѓу нас се е ОК. Треба да се радуваме, а не да тагуваме и да го враќаме филмот во минатото. Секогаш сум била толерантна и сум простувала, па така и нејзе и простив. Ѝ простив, но не заборавив. Едно е сигурно, мојот Зоран беше покрај мене до крајот, рече пејачката во една прилика.
Гоца и Горан, биле соседки и другарки се до 1996 година, кога Зоран Шијан ја оставил Гоца и децата, ќерката Зорана и синот Мирослав (Мирко) поради Горана. Пејачката потоа со синот и ќерката се преселила на Нов Белград, а Горана на Шијан во 1999 година му роди син, и тоа само три недели пред убиството на таткото.
Гоца, на своите деца Зорана и Мирослав никогаш не им забранувала да се гледаат со братот и никогаш ништо лошо не рекла за него, а дури била и иницијатор децата да бидат во добри односи со полубратот.
Покрај Зорана и Мирко, Гоца Божиновска има и постара ќерка Јелена, која ја доби во бракот со првиот сопруг, композиторот Раде Вучковиќ.
Гоца Божиновска е родена во Србија, македонското презиме го носи од својот татко кој е по потекло од Гевгелија.