Сопругот нема да и го прости скандалот на Карлеуша – таа ќе остане без 14 милиони евра!
Аферата помеѓу Душко Тошиќ и Огњен Врањеш поради пејачката Јелена Карлеуша не и се гледа крајот, а како што сега пренесуваат српските медиуми, бракот на пејачката со фудбалерот најверојатно нема да преживее.
Фудбалерот Душко Тошиќ, наводно, не сака да и прости на Јелена Карлеуша за аферата со Огњен Врањеш. Тој контактирал со адвокат кој треба да ја забрза неговата постапка за развод и да му помогне да ги задржи своите 14 милиони евра од последниот договор во Кина
Близок пријател и поранешен соиграч на Тошиќ за медиумите откри дека српскиот фудбалер неколку часа пред јавноста да ги види жешките фотографии во доверба му барал контакт од адвокат за развод.
„Кога започна целата оваа приказна за секс скандалот, сите кои го познаваме Душко рековме дека сé ќе помине како и да не се случило ако не се појават докази. Сепак, се појавија фотографии, снимки и пораки и цела Србија ја виде неговата гола жена со дете кое во фудбалскиот свет е рангиран како лева пречка. Само еден ден откако се појавија оние пораки во кои таа вели дека на мажот гледа како на брат, а потоа во детали го опишува перверзниот секс што го сака. Е тој тука пукна“ изјави изворот за Курир.
https://www.instagram.com/p/BpMRMRFC5vX/
Карлеуша и Тошиќ пред свадбата во 2008 година не потпишаа предбрачен договор , меѓу другото, бидејќи тој тогаш не заработуваше пари како денес. „Токму затоа сé што Тошиќ направил во бракот се води како заедничка сопственост, а само во Турција заработи повеќе од четири милиони евра. Кога ја донесе одлуката дека не сака да го зачува бракот и дека не може да се справи со срамот и притисок на јавноста, сфати и дека му е подобро веднаш да се разведе. За него не е ни проблем со Јелена да го сподели сето она што досега го заработил, но сака да биде сигурен дека во поделбата нема да влезат и кинеските милиони”, вели изворот.
https://www.instagram.com/p/BovsI5Zl3E_/